Костадинов: Овие два дена сме сведоци на една екстремистичка реторика на опозицијата

од Aleksandar Petrovski
230 прегледи

Костадин Костадинов од СДСМ истакна дека овие два дена сме сведоци на една екстремистичка реторика со која се покажува односот на опозицијата кон парламентарниот дом.

– Бев дури и нападнат од една колешка дека сме вршеле изборен поткуп во Струмица. – рече Костадинов и ја повика за реплика.

Тој смета дека ниту реториката, ниту, лагите и заканите кон парламентот не мое да ја скријат вистината и дека на 15 јули граѓаните го одредиле патот по кој треба да се движи Република Северна Македонија. Тој ги посочи заложбите на владата за меѓународното признавање.