Пратеник заразен со ковид-19 гласаше од посебна просторија во Собранието

од Aleksandar Petrovski
174 прегледи

Пратеник од владејачкото мнозинство вечерва за новата влада гласаше од посебна просторија во Собранието. Тој бил изолиран, бидејќи, како што рече претседателот Талат Џафери, е позитивен на коронавирусот.

Џафери, освен што кажа дека пратеникот е од владејачкото мнозинство, не го откри неговото име.

Со неговиот глас „ЗА“, новата влада беше избрана со вкупно 62-гласа.