Во изминатитот едногодишен период беа направени значајни чекори на институционално позиционирање на новиот безбедносен субјект Национална агенција за безбедност. Сега имаме Агенција што работи целосно во согласност со Уставот и законските рамки, како што и доликува на земја членка на НАТО, порача премиерот Зоран Заев на одбележувањето на една година од работењето на Агенцијата за национална безбедност.

На почетокот, Заев на сите вработени им го честита 1 Септември – Денот на Агенцијата и им порача да продолжат уште помотивирано за изградба на современа и модерна безбедноста служба, способна да се носи со сите безбедносни ризици и во насока на заштита на интересите на државата и сите граѓани.
Со отпочнување на работата на Агенцијата за национална безбедност, нагласи Заев, беше направен последниот чекор за безбедносна реформа во државата, откако претходно со препораките од Прибе, беше формирана и Оперативно техничката агенција ОТА со што се разби монополот што поранешната УБК ја имаше на системот на следење на информации.
– Целиот овој пакет, заедно со реформите и со затворање на деценсиките отворени прашања со соседите, ни го отвори патот за членство во НАТО и ЕУ. Во изминатитот едногодишен период беа направени значајни чекори на институционално позиционирање на новиот безбедносен субјект Национална агенција за безбедност. Сега имаме Агенција што работи целосно во согласност со Уставот и законските рами, како што и доликува на земја членка на НАТО, изјави Заев.
Реформата, посочи Заев, подразбира постојана работа и подобрување на безбедносниот систем со цел, тој да може да се справува со предизвиците.
– Досегашното работење и остварени резултати влеваат верба дека АНБ ќе продолжи да работи во согласнот со Уставот и законските рамки. Со целосно почитување на европските вредности и професионалната надградба на работата согласно НАТО стандардите. Во оваа насока Агенцијата ќе има постојана поддршка од Владата и останатите институции, рече Заев.