Првиот Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби денес ја оствари првата средба со Амбасадорот на Република Албанија во нашата земја, Фатос Река.
Амбасадорот Река во име на Премиерот и Претседателот на Република Албанија, му упати честитки на Груби за формирањето на Владата и за неговото именување во новата функција, посакувајќи му притоа успешна работа.
Понатаму, тој додаде дека нашите земји, традиционално имаат добри односи и дека истите треба да се продлабочат уште повеќе низ разни свери.
Република Албанија и Република Северна Македонија, како земји членки на НАТО Алијансата, ќе се заложат за реализација на заедничките проекти, исто така, тој ја нагласи и соработката во полето на реализицијата на реформите за зачленување во Европската Унија.
Првиот вицепремиер Груби му се заблагодари за честитките и за поддршката од официјална Тирана, истовремено тој изрази подготвеност за продолжување на меѓусебната соработка.
Вицепремиерот Груби и амбасадорот Река исто така дискутираа и за взаемната соработка и споделување на добри практики.