„Енергичен ден во Владата денес на конститутивната владина седница во чија атмосфера зрачеше елан и многу мотивација за работа која ја потврди мојата увереност дека ова е фантастичен тим кој ќе постигне многу“, пишува на својот фејсбук профил вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Пред нас, е пред се национален но и глобален економски предизвик, со кој ќе се справат само вистински професионалци“, посочува тој.