144
Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани рекордни нови 369 случаи на заразени со коронавирус, така што бројот на активни случаи во четвртокот бил вкупно 2.634, а три лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Досега, најголемиот број новозаразени во еден ден беше 358, на 26 август.
Меѓу 369 нови пациенти, 269 пациенти се во болница, од кои 15 се на респиратор.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 11.094 лица заразени со коронавирус, од кои 194 починале, а 8.266 се опоравиле.
Во моментов има 8.901 лице во самоизолација.
До четвртокот биле тестирани вкупно 179.838 лица, од кои 4.492 во последните 24 часа.