Шокантно ВИДЕО со полициска бруталност повторно ги тресе САД

од Stefanija Kuzmanovska
484 прегледи

Семејството на Даниел Пруд објави шокантно видео кое било направено на крајот на март, во кое се гледа полициската бруталност што доведе до смрт на Афроамериканец во западен Њујорк.


Имено, полициските патроли излегле на местото на настанот откако граѓаните пријавиле дека гол маж трча и прави хаос во соседството, за време на снежна бура. Откако му ставија лисици на рацете, Даниел ги плукна полицајците и со оглед на самиот почеток на епидемијата на коронавирус, еден од полицајците му стави пластична кеса на главата, а потоа тие му го притиснаа лицето на асфалтот неколку минути.

Брзата помош го однела младиот човек во бесознание во болница, каде по 7 дена починал во кома.

Иако првично се сметаше дека смртта се случила поради предозирање со PCP, извештајот од обдукција недвосмислено утврди дека младиот човек починал како резултат на задушување. Едвај по неколкумесечна борба семејството успеа, со помош на Законот за пристап до информации, да добие снимка од камерите за полицајците вклучени во инцидентот.

Братот на жртвата изјавил дека Даниел навистина имал проблеми со дрога, но и дека бил повремено психијатриски пациент. Ова шокантно видео се заканува да предизвика нови ескалации на конфликтот во Америка, кои траат веќе неколку месеци, од убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис.

https://www.youtube.com/watch?v=ieqeWa6lOk0

Слични содржини