Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател за Србија и Косово, изјави дека луѓето во Косово и во Србија заслужуваат економска нормализација и шанса да создадат жива економија, пренесе „Нова.рс“.

„Денес сум фокусиран на младите луѓе кои сакаат кариера, добра работа и врска со Западот. Ве слушнав вас и силно ќе се залагам за вас. Да ја оставиме политиката настрана“, напиша Гренел на Твитер, по повод денешните разговори меѓу Белград и Приштина во Вашингтон.
Дводневните разговори меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти во Белата куќа започнуваат денес, а сè уште не е познато кои теми ќе бидат на маса, како и дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на тие разговори.