Вулин наскоро на суд поради говор на омраза

од Stefanija Kuzmanovska
128 прегледи

Министерот за одбрана Александар Вулин во понеделник треба да се појави пред Високиот суд во Белград по тужбата поднесена против него од Националниот совет на Албанците за говор на омраза, малтретирање и понижувачки третман и дискриминација, објави „Нова.рс“.

Министерот Вулин треба да биде сослушан во Високиот суд во понеделникот во врска со тужбата поднесена против него минатата година од Националниот совет на Албанците поради изјавата која ја даде во медиумите и во која тој ги нарече Албанците од Косово „шиптари, арбанаси и арнаути“.

Адвокатот Александар Оленик, кој го претставува Националниот совет, за порталот „Нова.рс“ вели дека министерот сериозно дискриминира со своите изјави, односно говор на омраза.

Во разговор за порталот, тој посочува дека министерот за одбрана ги срами сите граѓани на Србија со вакви изјави.

Покрај Вулин, во понеделник треба да биде испрашан и Рагми Мустафи, претседателот на Националниот совет.