Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на американскиот претседател Доналд Трамп ќе му подари златник од Народната банка на Србија со ликот на Никола Тесла, пишува „Новости“.
Тоа е симболичен подарок бидејќи на златникот е ликот на американски научник со српско потекло, кој е важна алка меѓу САД и Србија.
Претседателите на САД и Србија, Доналд Трамп и Александар Вучиќ, ќе се сретнат попладнево во 17 часот по средноевропско време, објавено е на веб-страницата на американската амбасада во Белград.