Таравари: Старо-новата влада ја продолжува „војната од сенка” со раководството на општина Гостивар

од Nikola Popovski
137 прегледи

Финансиското работење на општина Гостивар деновиве се контролира од финансиската полиција и други инспекциски органи. Предмет на контрола биле вработувањата во општината и трошењето на пари за вработените. Инспекторите посебно се интересирале за вработените со договори.

Според градоначалникот Арбен Таравари ја потврди информацијата напомена дека станува збор за селективност и притисок на централната власт кон раководството на локалната самоуправа.

„Скоро нема ден владините институции да не ја претресат на брутален начин локалната самоуправа во Гостивар, Врапчиште и Боговиње. Инспекции во образование, Финансиска полиција, Организиран криминал, човек добива впечаток дека целиот криминал во Македонија е во Пологот на Алијанса за Албанците“, истакнал Арбен Таравари.

Според него, на овој начин старо-новата влада ја продолжува „војната од сенка” со раководството на општина Гостивар.

„Наместо да ги решаваат бројните афери со рекетирање, приватизации, малверзации и да постапуваат по препораките на Прибе, тие доаѓаат во Гостивар. Кај нас има 109 вработени, а во Тетово 550 и таму не се контролира. Ни пречи таа селективност и сметам дека на ваков начин сакаат да нè заплашат“, рече Таравари.

Тој потенцира дека инспекторите ги зеле потребните податоци и информации и смета дека тоа нивна должност, а доколку имаат забелешки или откријат неправилности, подготвен е да сноси одговорност.