Педро Санчез, премиерот на Шпанија му го честитал новиот премиерски мандат на лидерот на СДСМ Зоран Заев, а од кабинетот на премиерот соопштија дека Заев честитка добил и од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Минатата година, по изборите во Грција, Заев меѓу првите му го честиташе изборот на Мицотакис.
Во честитките политичарите изразуваат спремност за зајакнување на соработката на политички и економски план, како и силна поддршка за нашата интеграција во ЕУ, велат од Кабинетот на премиерот.
До Заев честитки стигнале и од Јанез Јанша, кој годинава во март третпат беше избран за премиер на Словенија, од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, oд премиерот на Бугарија Бојко Брисов, од премиерот на Италија Џузепе Конте, од американскиот државен секретар Мајк Помпео и од амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнз.