Три симптоми на корона кај деца на кои треба да се обрне внимание

од Vladimir Zorba
395 прегледи

Научниците од Северна Ирска анализирале 992 деца, од кои 68 имале коронавирус. Тие заклучиле дека дијарејата, повраќањето и болката во стомакот треба да се додадат на официјалните симптоми на Ковид-19 кај децата.

Според нив, стомачните проблеми се чест симптом кај децата и треба да се земат предвид при поставувањето на дијагнозата, иако тие истакнуваат дека не секоја дијареја може да се поврзе со корона.

Кашлицата, која е еден од главните симптоми кај возрасните, не е сигурен показател дали детето го има вирусот, велат научниците кои го спроведоа истражувањето.

„Дознавме дека дијарејата и повраќањето се симптоми што се појавиле кај некои деца и мислам дека треба да се додадат на списокот на познати симптоми“, изјави д-р Том Вотерфилд од Универзитетот Квинс во Белфаст за „Би-Би-Си“.

Тој и неговиот тим анализирале деца кои биле во просек по 10 години.

Една од клучните одлуки што одредува дали некој од симптомите станал официјален, зависи од бројот на луѓе кои го имале, и кои се заразиле со 19, и колку од нив имале друга болест или проблем.

Само 34 деца со коронавирус од оваа студија имале какви било симптоми. Научниците успешно дијагностицирале 76 проценти од децата кои имале треска, кашлица и губење на мирис или вкус, а кога додале деца со стомачни проблеми, таа бројка се искачила на 97 проценти.

Бидејќи многу деца немале симптоми, а оние кои ги имале се покажале нестандардни, експертите велат дека на повеќето од нив дури не им била дијагностицирана болест.

Проблеми со стомакот биле пријавени кај 13 деца, а кај 21 имало температура, што е најчест симптом на болеста. Заради споредба – само шест деца го изгубиле чувството за мирис или вкус, а тој симптом е вклучен во официјалната листа на симптоми во Велика Британија.

Слични содржини