Марихуана паѓа од небо во Израел (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Стотици вреќи со марихуана паднаа од небото на централниот плоштад во Тел Авив оваа недела, во радост на изненадените минувачи.

„Крајно време е, драги браќа. Дали е тоа птица? Дали е тоа авион? Не, тоа е зелен дрон што дистрибуира марихуана бесплатно“, напиша групата на „Зелен дрон“ во криптирана порака на апликацијата Телеграм, пренесуваат израелски медиуми.

Две лица кои управувале со дронот биле сопрени од полицијата, а локалните медиуми јавуваат дека подоцна биле уапсени.

Но, ваквите акции нема да застанат тука. Од „Зелен дрон“ објавија дека проектот „Дожд од марихуана“ ќе продолжи секоја недела на друга локација во Израел, каде вкупно ќе падне од небото еден килограм од таа дрога.

Иако Израел одобри извоз на медицинска марихуана, производството, продажбата, купувањето и употребата на оваа „мека дрога“ за „рекреативни цели“ сè уште претставува прекршок.

Слични содржини