Во Скопје регистрирани 43 нови случаи на Ковид-19

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Во изминатите 24 часа во Скопје се регистрирани 43 нови случаи на Ковид-19.

Според Центарот за јавно здравје, активни се 761 случаи. Од почетокот на епидемијата во градот Скопје се регистрирани 6.097 случаи.

Најголем број активни случаи денеска има регистрирано во Аеродром – 109. Во Чаир се регистрирани 88, во Кисела Вода – 83, Гази Баба – 82,
Карпош-81, Центар – 77, Бутел – 50, Ѓорче Петров – 44, Шуто Оризари 31, Студеничани 26, Сарај 22, Арачиново 15, Илинден 13, во Сопиште и
Петровец по седум, Чучер Сандево три и во Зелениково две. Нераспределени се 13 случаи, а регистрирани се осум.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.