Короната зарази повеќе од 27 милиони луѓе ширум светот

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Повеќе од 27 милиони луѓе се заразени со коронавирусот во светот, а повеќето од нив се во Соединетите држави – повеќе од 6,4 милиони, покажуваат најновите податоци на порталот „Worldometer“.

Досега починале 882.359 луѓе како резултат на инфекција со КОВИД-19 во светот, а најмногу жртви имаат САД – 192.807.

Според официјалните податоци на здравствените власти, повеќе од седум милиони случаи се активни во светот, а 19,9 милиони луѓе се опоравиле.

Освен во САД, пандемијата го погоди Бразил со повеќе од четири милиони заразени лица – 4,123 милиони и 126.203 смртни случаи, и Индија со 4,11 милиони заразени и над 70.000 смртни случаи.

Русија е прва во Европа, а четврта во светот според бројот на заразени со вирусот – 1,02 милиони и 17,820 мртви.

Слични содржини