Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Скопје, Анке Холштајн.
Амбасадорката Холштајн му честиташе на Груби за формирањето на владата и позицијата што ќе ја извршува, посакувајќи му успех во остварувањето на неговите цели.

Холштајн за време на состанокот со првиот вицепремиер Груби ја спомна важноста на Владата да управува со кризни ситуации, како што е актуелната ситуацијата со COVID-19.
Германската амбасадорка исто така истакна дека официјален Берлин продолжува да ја поддржи Македонија на нејзиниот евро-интеграциски пат и во спроведувањето на реформите потребни за постигнување на оваа цел, вклучувајќи го отворањето на преговорите за членство во ЕУ.
Првиот вицепремиер Артан Груби и се заблагодари на германската амбасадорка за искрените честитки и континуираната поддршка на германската држава, подвлекувајќи дека новата влада ќе продолжи да биде посветена на нејзиниот пат кон Европската унија и спроведувањето на реформите во областа на правдата.
Груби, исто така, пред германската амбасадорка го повтори ставот дека на земјата и треба функционална политичка хармонија со цел да се донесат добри одлуки што ќе покажат ново лице во текот на овој владин мандат. Тој исто така рече дека новата влада ќе се потруди еднаш и засекогаш да го искорени митото и корупцијата.
За време на состанокот со германската амбасадорка, Груби вети дека тој, како прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе се заложи за добри меѓуетнички односи и социјална кохезија за сите граѓани на Македонија.
Соговорниците, Холштајн и Груби исто така разменија мислења и за други политички теми во земјата и регионот.