344
Кумановските пожарникари добија нова униформа која ја обезбеди Општина Куманово.
Набавени се 33 комплети, летна опрема за гаснење пожари на отворен простор, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на денешната промоција на униформите во дворот на територијалната противпожарна единица.
Тој на пожарникарите им посака помал број интервенции.
-Опремата чини милион и 300.000 денари, одвоени се средства со одлука на Советот. Ќе продолжиме да ја доопремуваме противпожарната единица, имаме наследено стара опрема, Куманово заслужува, изјави Димитриевски.
Тој потсети дека претходно е обезбедено теренско возило и дека лани беа набавени зимски професионални униформи за кои општината одвои 30 милиони денари.