Хари и Меган вратија 2,7 милиони евра што ги потрошија за обнова на „Фрогмор“

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган вратија 2,7 милиони евра (2,4 милиони фунти) народни пари што беа искористени за обнова на куќата „Фрогмор“, откако потпишаа договор со „Нетфликс“ за снимање на програма.

„Фрогмор“ во Виндзор минатата година стана официјална резиденција на принцот Хари и неговата сопруга Меган. Сепак, откако во јануари објавија дека сакаат да бараат кариери надвор од кралското семејство, Хари и Меган рекоа дека ќе ги вратат парите потрошени за реновирање на нивниот дом.

Портпаролот на парот потврди дека Хари и Меган целосно ги покриле трошоците за обнова на „Фрогмор“, сопственост на кралицата Елизабета, и која ќе остане нивната резиденција во Велика Британија, пренесува Ројтерс.

Слични содржини