СЗО соработува со Кина за одобрување на кинеската вакцина

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) соработува со Кина во врска со барањата за меѓународно одобрување на која било кинеска вакцина за Ковид-19, изјави денеска помошникот генерален директор на СЗО, Мариангела Симао.

„Канцеларијата на СЗО во Кина и седиштето на СЗО работат со регулаторните тела во Кина. Ние сме во директен контакт, споделивме информации и барања за меѓународно одобрување на вакцините“, рече Симао на брифингот во Женева.

Извршниот директор на кинеската компанија „Синовак Биотек ДОО“ во неделата изјави дека околу 90 проценти од вработените примиле експериментална вакцина, која компанијата ја развила во рамките на државната програма за итна употреба и дека истото го сториле и членовите на нивните семејства.

Во исто време, СЗО разговара со Индија за приклучување кон глобалниот план за дистрибуција на вакцини во рамките на „КОВАКС“, рече советникот на СЗО, Брус Ајлвард.

Како што изјави, Индија секако е соодветна, како и сите земји во светот, да биде дел од „КОВАКС“ и во тек се разговори во врска со тоа.

„Ние би го поздравиле учеството на Индија“, рече Ајлвард и додаде дека Индија има долгогодишно искуство со вакцините.

Слични содржини