Богоевски порачува да се научат грешките од минатото и да не се поставуваат превисоки цели во поглед на правдата и правосудството за да нема остри критики од јавноста.

-Мислам дека мора да учиме од грешките од минатото а една од нив е поставување превисоки очекувања и после неможност да се испорачаат тие очекувања. Ако мислите за одговорност за случаите кои што беа предмет на „бомбите“, мислам дека оние поголемите ќе се истераат до крај. Што се однесува на оние кај што постои опасност од застареност, сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат вложени во насока да застарат.
Минатиот пат кога се одлучуваше за жалба од страна на Јанкулоска, еден ден пред тоа дојде адвокатот на странката и побара превод на албански.
Што се однесува до владината коалиција, Богоевски смета дека позитивно е што ДУИ национализмот не го сфаќа сериозно.
-Единственото нешто што покажа ДУИ што е позитивно кај нив е што дури ни национализмот не го сфаќаат сериозно, за нив е само алатка за популизам и се подготвени за разумно однесување.