Жбогар: Најмногу ме разочара вмешаноста на Катица Јанева во случајот Рекет и како граѓаните го перципираат владеењето на правото

од Aleksandar Petrovski
259 прегледи

Во интервју за 360 степени евроамбасадорот Самуел Жбогар вели дека она што најмногу го разочарало во минатите 4 години мандат е вмешаноста на Катица Јанева во случајот Рекет но и начинот на кој граѓаните го разбираат принципот на владеење на правото.

-Разочараноста во делот на владеењето на правото не се однесува само на разочарувањето од специјалната обвинителка. Разочарувањето оди понатаму – како граѓаните овде го перципираат владеењето на правото.

Владеењето на правото не се само судовите, владеењето на правото е да не пушите во ресторани ако тоа не е дозволено, владеење на право е да не паркирате на улица каде сакате…

Тоа е разочарувачки за мене, кога ќе видам автомобили паркирани на велосипедски патеки тоа е владеење на право и затоа би рекол дека тоа е најголемото разочарување. Разбирањето за тоа што е владеење на право, менталитетот, истакна Жбогар.