Препорака за враќање на работа на хронично болните, ослободени ќе бидат оние кои имаат извештај од специјалист

од Берта Китинска
192 прегледи

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата достигна 15.127, бројот на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов има 2.018 активни случаи.

Како што соопштија од Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести вчера предложила враќање на работа на хронично болните лица, освен за оние кои имаат извештај од специјалист за влошување во рамки на болеста.

– За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31 декември. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа. За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата, предвидува Предлог-одлуката што ќе биде доставена до Владата на разгледување.
Според ресорниот министер Венко Филипче, и покрај препораката хронично болните да се вратат на работа, најризичните категории и натаму остануваат заштитени.

-Суштината е дека практично за сите економски оператори, за сите компании и сите организации има протоколи по кои се работи. Премногу е широка листата во наши услови на хронични болести, луѓе кои имаат практично сосема нормални животни активности и никако не се доведуваат во ризик доколку ги почитуваат протоколите на своите работни места. Во таа смисла е донесена одлуката да се даде препорака пациентите кои имаат дијагноза хронична болест и оние кои имаат малигни болести, практично се вратат на своите работни места. Не одат на работа само тие кај кои лекарот специјалист ќе укаже дека има состојба што се вика егзацербација, односно влошување во рамки на хроничната болест и истата бара некаков акутен третман. Притоа и е дополнителен ризик по здравјето на пациентот. Тоа е препораката, оставаме на стручноста, експертизата на лекарите специјалисти да направат соодветна проценка, изјави вчера Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини