Минск: Колесникова беше уапсена кога се обиде да ја премине границата

од Vladimir Zorba
410 прегледи

Белоруските државни медиуми пишуваат дека граничарите ја уапсиле лидерката на протестите во Минск, Марија Колесникова, додека таа се обидувала „нелегално“ да ја напушти земјата. Опозициското движење сè уште не ја потврди веста, пренесува „Дојче веле“.

Според државните медиуми, таа бил уапсена во вторникот на украинската граница.

„Колесникова исчезна во понеделникот во Минск откако беше видена како ја ставаат во минибус. Приведени се и двајца нејзини асистенти“, рече опозицискиот Координативен совет, објави „Дојче веле“.

Тоа биле секретарот за печат, Антон Роденков и извршниот секретар Иван Кравцов. Тие беа ослободени и сега се во Украина, соопштија властите, но Колесникова е уапсена.

„Првите извештаи, цитирајќи ги белоруските граничари, сугерираа дека сите тројца успеале да ја напуштат Белорусија. Потоа, украинските власти рекоа дека Колесникова не ја преминала границата и наскоро се појави информација дека Колесникова била киднапирана во понеделникот наутро, кога маскирани луѓе ја ставиле во комбе“, додава „ДВ“.

Слични содржини