Колесникова го искинала пасошот за да не биде депортирана во Украина

од Vladimir Zorba
476 прегледи

Истанатата белоруска опозиционерка Марија Колесникова го искина пасошот за да спречи обид на белоруските служби да ја депортираат во соседна Украина.

Украински Интерфакс пренесува дека заменик министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Гарашченко, на својот ФБ профил објавил дека Колесникова „успешно спречила насилно протерување од нејзината родна земја“, објави Ројтерс.

Во последните 24 часа не беше познато каде исчезна Марија Колесникова, водачот на неколкунеделните масовни протести против контроверзната победа на Александар Лукашенко на претседателските избори.

Мистеријата околу нејзиното исчезнување беше дополнително засилено со тврдењата на нејзините соборци дека „Колесникова е киднапиран вчера од маскирани луѓе во Минск“.

– Оваа храбра жена направи решителен чекор да спречи да биде протерана од сопствената земја. Александар Лукашенко е лично одговорен за нејзиниот живот и здравје – објави Гарашченко.

Во моментов е непознато каде се наоѓа Колесникова, но двајца нејзини колеги кои исчезнаа кога и таа, рано утринава ја преминале границата во Украина рано наутро, дознава Ројтерс од украинската гранична полиција.

Антон Бичковски од белоруската гранична полиција потврди дека Колесникова е приведена од белоруските власти, но тој не знаеше каде се наоѓа моментално.

Слични содржини