Кеjти Холмс во врска со осум години помлад готвач (ФОТО)

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Кеjти Холмс, која има неуспешен брак со актерот Том Круз, но и долгогодишна тајна врска со Џејми Фокс, има нова убов.

Судејќи според најновите папарацо фотографии, снимени во ресторанот „Peasant“ на Менхетен во неделата вечерта, 41-годишната холивудска актерка има причина да биде повторно среќна. Она што досега се шпекулираше сега е потврдено, насмевката на лицето и ја врати 33-годишниот готвач Емилио Витоло Jуниор, кому му седеше во скут во ресторанот пред да разменат неколку страствени бакнежи.

Патем, Емилио е наследник на угледно италијанско семејство и неговиот татко Емилио Витоло Сениор е сопственик на ресторанот „Emilio’s Ballato“ од раните 90-ти, кој е омилено место на славните.

Слични содржини