Непозната хемикалија фрлена врз соработници на Навални

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Непознато лице скршило шише со хемикалија во канцеларијата на рускиот опозиционер Сергеј Бојко, инаку сојузник на Алексеј Навални, во Новосибирск и по тој повод, на две лица им била пружена медицинска помош, додека едното било пренесено во болница.

Откако било фрлено шишето со хемикалијата, канцеларијата е евакуирана, пренесува ТАСС.

Бојко е кандидат за градски совет на Новосибирск на изборите што ќе се одржат во недела, а говорејќи за инцидентот рече дека засега не е познато за која хемикалија станува збор, но дека полицијата проценила дека не е токсична.

Како што беше речено во седиштето на Бојко, хемикалијата имала остар мирис.

На снимките од надзорните камери се гледа како две маскирани лица бегаат од местото на настанот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека германските власти ќе мораат да ги „покажат картите“ во „аферата Навални“, бидејќи се поочигледно е дека, како што тврди, Берлин блефира во тој валкан политички хаос.

Слични содржини