ПАРИ ПО ГРЕШКА ПРАТЕНИ ВО ЕВРОПА: „Корона-чековите“ на Трамп ги израдува Австријците

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Помошта од 1.200 долари, што американската администрација ја намени за граѓаните со пониски примања за време на „корона-кризата“, израдува многу Австријци.

Имено, американската влада испраќала чекови на адресите на милиони Американци по пошта со 1.200 долари, но поради техничка грешка, повеќе од стотина чекови биле испратени во Австрија, тврди австриската државна телевизија „ОРФ“.

Според медиумот, повеќе од 100 такви чекови веќе биле разменети за пари во австриските банки.

Таков чек добил пензионер од Линц, кој кратко живеел во САД. Тој се изненадил кога добил чек во поштенското сандаче во форма на пратка од САД, а најпрво ја проверил автентичноста во банката, а потоа парите ги префрлил на неговата сметка.

Неочекуваните пратки на пари од САД, според медиумите, пристигнале најверојатно поради техничка грешка што се случила со американските власти. Чековите, патем, се наменети за американски граѓани со годишен приход до 75.000 долари.

Исто така, поради техничка грешка, испратени се чекови на адресите на милиони починати лица. Очигледно е дека Министерството за финансии и даночните власти не ги споредиле нивните податоци со тие на социјалното осигурување.

Слични содржини