Се обидел да силува жена, луѓето само снимале со телефони (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
344 прегледи

Еден човек во Њујорк нападнал и се обидел да силува жена среде ден, на една метро станица полна со луѓе. Неверојатно дрскиот напад беше снимен, а човекот се откажа и се повлече само откако другите патници го опколија и почнаа да му викаат.

Полицијата го идентификувала и потоа го уапсила мажот, 31-годишниот Афро-американец Хозе Рејес. Началникот на одделот за полиција во Њујорк, Родни Харисон го нарече злосторството „одвратно“.

25-годишната девојка и рекла на полицијата дека прво го забележала Рејес во истото метро со кое се возела околу 11 часот наутро во саботата, на 29 август, и дека видела како човек пуши нешто во возот.

Таа се симнала на следната станица, но Рејес излегол по неа – и тогаш тој започнал да ја малтретира и да ја удира на станицата полна со луѓе, по што ја соборил на земја.

„Поединецот потоа се качил на жената и се обидел да ја силува, но сопрел кога луѓето се собрале околу него“, соопшти полицијата во Њујорк.

Слични содржини