Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ излегуваат на протести: „Пари има, ама тие не одат кај народот“

од Nikola Popovski
173 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ, како што во понеделникот најави изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, денеска ги почнува најавените граѓански протести.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ

Протестот вечерва е против зголемувањето на цената на струјата, a партијата ги повика граѓаните на протестот, за како што велат, време е за обединување против оваа власт.

„Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија една милијарда евра на поткуп, трошат над осум милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија“, рече Мицкоски.

Тој ги повика опозициските партии и невладините организации и поединци на формирање опозициски фронт против власта, која во обраќањето ја нарекуваше мафија која се богати преку грбот на народот.

„Можеби имаме различни гледишта и концепти, но нѐ обединува сиромаштијата. Со активен отпор на улица и да протестираме за секоја тема што ги мачи граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада, богати мафијаши, а сиромашен народ. Мафијата не се урива со една битка, туку со многу битки и труд. Ова е почеток на нивниот крај. Ние оттука тргнуваме“, рече Мицкоски.

Протестот ќе почне во 18 часот пред Министерство за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика.