Како и каде да ги чувате маските кога не ги носите?

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Маските за лице станаа дел од секојдневниот живот на огромното мнозинство граѓани ширум светот кои се борат со пандемијата на коронавирус. Како што некогаш не можевме да замислиме да заминеме од дома без клучеви, паричник или мобилен телефон, во последните месеци обавезно носиме и маски со нас.

Досега многу пати сме слушнале кои се најдобрите материјали за маски, односно кои маски штитат до кој степен. Научивме и како правилно да ги носиме и миеме, но дали знаете како и каде да ги чувате кога не ги носите?

Инфектолог од Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско, Питер Чин-Хонг за Huffington Post ја разјасни и оваа дилема. Кога сте дома, најважно е да пронајдете чисто и суво место каде ќе стојат маските. Тие треба да се чуваат во посебни фиоки, во хартиена кеса или други контејнери изработени од природни материјали. Тие не треба да се чуваат со други предмети за домаќинството кои често се допираат.

„На пример, нема да ги ставам во фиока со долна облека или кујнски крпи. Се разбира, не мора да биде стерилен простор, но подобро е да ги ставате на место кое не се отвора често“, рече Чин-Хонг.

Професорка по епидемиологија на универзитетот Џорџ Вашингтон, Аманда Кастел, истакнува дека многумина забораваат да земат маска со себе кога ќе излезат. Затоа се препорачува една маска да се држи на закачалка до вратата.

Еве неколку стручни совети:

Чувајте ги одделно

Секој член на домаќинството треба да има свое место за маските да не се мешаат. Имено, ова го намалува ризикот од допирање на валкани раце и пренесување на други вируси, не само на Ковид-19.

На пример, ако ги чувате сите маски во една фиока или торба, детето може да ги зграби со валкани раце и со тоа да пренесе каква било инфекција на сите маски. Ако немате избор и попогодно ви е да ги ставите сите маски на едно место, корисно е со нив секогаш да ракува истата личност од домаќинството откако ќе ги измиете рацете.

Делување маски меѓу членовите на домаќинството исто така не се препорачува.

Носете ја маската со себе во хартиена кеса

Не е паметно само да ја фрлите маската во торба, ранец или џеб. Така може да се извалка, искине или на друг начин да се контаминира. Наместо тоа, чувајте ја во хартиена кеса, која потоа можете да ја ставите во торба или ранец.

„Ставете ја маската на место каде што ќе остане чиста, сува и каде нема да се оштети ако не ја ставите на лицето веднаш штом ќе излезете“, рече Кастел.

Кога ја ставате маската надвор, внимавајте да не ги допирате врвките кои се ставаат зад увото и не ја допирајте внатрешноста на маската. Ако ја тргнете само кратко додека сте надвор, на пример за оброк, не заборавајте да ја преклопите и да ја чувате во чиста кеса.

Важно е да се нагласи дека маските секогаш, кога е можно, треба да се допираат со целосно чисти раце.

Не заборавајте да ги перете маските

Некои експерти велат дека маските од ткаенина може да се носат неколку пати на ден се додека не се влажни или оштетени. Други велат дека е побезбедно веднаш по носењето да се фрлат на перење.

Во секој случај, доволно е перење на маската со остатокот од облеката во машина и со топла вода. Но, ако го миете рачно, добро е да го натопите во раствор за белење пет минути. За четири литри вода, доволна е една лажица белило.

Заштитните маски за еднократна употреба не треба да се перат и да се носат повторно, туку треба да се фрлат веднаш по употребата.

Слични содржини