Филипче: Родителите и воспитувачите да ги едуцираат најмладите, да не дозволиме ширење на вирусот во градинките

од Берта Китинска
163 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на првиот ден од започнувањето на работата во градинка испрати порака до родителите и воспитувачите.

„Прв ден во градинка, и важно e да направиме сѐ за да го зачуваме здравјето на најмладите и да не дозволиме ширење на вирусот во градинките и во семејствата.Родителите и воспитувачите со свој личен пример да ги едуцираат, поттикнат и охрабрат најмладите да ги почитуваат мерките за одржување дистанца и лична хигиена. Апелирам до воспитувачите и негователите, да ги почитуваат протоколите и да ги охрабрат децата на честа хигиена и здрави навики, до родителите да внимаваат доколку детето појави симптоми да не го носат во градинка, да ги почитуваат протоколите. А на децата им посакувам пријатен и безбеден престој во градинка“, напиша Филипче.

Слични содржини