Турција: Затвор за новинари поради откривање на државни тајни

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Судот во Истанбул денеска осуди на казна затвор пет новинари обвинети за „откривање државни тајни“, но тие беа ослободени додека трае жалбената постапка.

Петмина новинари на „ОдаТВ“, како и шести колега кој беше ослободен, беа обвинети за откривање државни тајни и откривање на идентитет на агент на тајни служби.

Случајот започна кога „ОдаТВ“ на почетокот на март објави статија за дискретно погребување на турски разузнавач (МИТ), кој според медиумите бил убиен во Либија, каде Анкара воено ја поддржува владата во Триполи против силите на маршалот Калифа Хафтар.

Во својот напис, „ОдаТВ“ го идентификуваше наводниот агент по име и првата буква од презимето.

Тројца новинари беа осудени на по три години и девет месеци затвор, пренесува агенцијата Анадолија. Другите двајца добија по четири години и четири месеци затвор.

Еден од нив, главниот уредник на „ОдаТВ“, беше ослободен од обвинението.

Шестмина обвинети беа приведени на почетокот на март, по што тројца беа пуштени на условна слобода. Тие можеа да добијат затвор и до 20 години, според „Анадолија“.

Тие се изјасниуваа за невини во текот на целиот процес.

Неколку десетици луѓе се собраа утрово пред судот за да ги поддржат обвинетите и извикуваа пароли во одбрана на слободата на печатот.

Турција е на 154-то место од 180 земји во Индексот на слобода на печатот којго објавува организацијата „Репортери без граници“.

Слични содржини