Трамп призна дека лажел за короната

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп призна денес дека „можеби ја измамил“ јавноста кога станува збор за пандемијата на коронавирусот, откако во јавноста се појавија информации дека тој во разговор со новинар изјавил дека инфекцијата е опасна, иако тој во јавноста го кажувал токму спротивното.

– Со цел да се намали паниката кај луѓето, можеби е така. Се разбира, нема да ги однесам земјата и светот во општо лудило. Последното нешто што сакате да го направите е паника. Не сакате да покажувате паника – им рече Трамп на новинарите, а пренесе „Спутник“.

– Моравме да покажеме смиреност. Последното нешто што сакате да го демонстрирате е паника, возбуда или страв. Моравме да ја контролираме ситуацијата во која се најдовме – додаде американскиот претседател.

Телефонскиот разговор од новинарот на „Вашингтон пост“, Боб Вудворд, кога вирусот започна да се шири од Кина на целиот свет, привлече големо внимание во јавноста.

„Ова е смртоносна работа“, му рекол Трамп на репортерот, кој своевремено известуваше за скандалот Вотергејт во 1972 година, во кој беше вмешан и тогашниот претседател Ричард Никсон.

– Сè што треба да направите е да дишете и така се пренесува. Овој вирус е многу незгоден и деликатен. Тој е исто така многу поубиствен од грипот, рекол Трамп во телефонскиот разговор со Вудворд на 7 февруари.

Слични содржини