„Шпигел“: Здравјето на Навални е подобро, тој може да зборува

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Здравствената состојба на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални дополнително се подобри, пренесува германскиот магазин „Шпигел“.

Списанието наведува дека е зајакната полициската заштита на Навални, бидејќи се очекува тој да има повеќе посетители сега кога неговата состојба е подобрена, пренесе „Ројтерс“.

Според „Шпигел“, тој весник и страницата за истражување „Белингат“ дознале дека Навални може да зборува повторно и дека веројатно може да се сети на деталите за тоа како му се слошило, пренесува „Ројтерс“.

„Неговите изјави може да бидат опасни за луѓето кои стојат зад нападот“, предупредува германскиот магазин.

Навални, кој е во болница во Берлин, бил префрлен со авион во Германија, откако минатиот месец се разболел на лет во Русија.

Германија тврди дека тој бил отруен од нервен агенс „новичок“ и дека целта е негово убиство, додека Русија наведува дека нема докази дека Навални бил отруен.

Слични содржини