Пожар во пристаништето во Бејрут (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Пожарот избувна во магацин за нафта и гуми во бесцаринската зона на пристаништето Бејрут, објави либанската армија на Твитер.

Според Си-Ен-Ен, пожарот се гасне, а во таа акција ќе учествуваат и воени хеликоптери.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат големо количество чад кој излегува од локацијата каде избувнал пожарот.

Пред нешто повеќе од еден месец, во голема експлозија во пристаништето Бејрут загинаа повеќе од 170 лица и беа повредени повеќе од 6.000.

Слични содржини