Хју Грант кршеше срца низ целиот свет, а сега смета дека е грд и стар

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Англискиот актер и филмски продуцент Хју Грант (60) е еден од најуспешните актери во романтични комедии, а за време на неговата 35-годишна кариера во медиумите често се наоѓаше поради приватниот живот и скандалите што ги правеше.

Славниот актер неодамна наполни 60 години и откри дека не му одговара начинот на кој старее.

„Станав премногу стар, премногу грд и дебел за да снимам повторно романтични комедии, па сега правам некои други работи“, рече Хју во едно интервју.

Хју и шведската продуцентка Ана Елизабет Еберстајн (39) се во врска седум години и имаат три деца заедно. Тие го чуваат својот приватен живот подалеку од јавноста и дури не ги објавија имињата на сите нивни деца.

Тие се венчаа на мала церемонија во 2018 година, само пред нивните најблиски пријатели и семејство.

Слични содржини