247
Носиме одлука со задолжително пензионирање со 64 години. Жените ќе можат и на 62 години да одат во пензија за одредени категории нема да важи, вели премиерот Зоран Заев, за МТВ.
-Втората компонента е пет години пред да се пензионира лицето може да си го купи стажот . Во фондот може да си платите и да заминете во пензија. Со ова го заштитуваме пензискиот фонд, така се отвораат повеќе работни места, пензискиот фонд мора да го држиме стабилен, вели Заев.
На крајот на септември ќе го имаме викендот без ДДВ.
-Викендот ќе биде воведен пред почетокот на школската година бидејќи тогаш знаеме дека родителите повеќе трошат за дечињата, изјави Заев.