Граѓаните на Струмица утрово ги здогледаа чуден призор во центарот на градот.
Според фтографиите, фонтаните долж булеварот „Маршал Тито“ во градот утрово биле наполнети со пена.
Засега не се познати сторителите, а од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека во фонтаните е истурена поголема количина на средство кое создава пена.

„Некои неодговорни граѓани најверојатно истуриле прашок за перење или некое друго средство во фонтаните долж булеварот „Маршал Тито“. Уште рано наутро наши екипи го забележаа овој вандализам и во текот на денот фонтаните ќе бидат измиени и исчистени, рекол Бранко Ѓоргиев од ЈПКД „Комуналец“.

Од струмичкото комунално претпријатие додаваат дека за овој вандализам е запозната и полицијата.