Парис Хилтон се откажува од својата кариера, сака семејство и деца

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Парис Хилтон го менува фокусот во нејзиниот живот. Таа им се препушта на семејните планови наместо на кариера, навестувајќи дека е подготвена за „следната фаза“ од животот со нејзиното момче Картер Реум.

39-годишната Хилтон во својот документарец на Јутјуб „Ова е Парис“ тврди дека нејзината животна цел била да заработи милијарда долари преку деловни потфати, но сега откри дека повеќе не го следи овој сон, туку наместо тоа го насочува своето внимание кон „следната фаза“ од нејзиниот живот.

Парис навести дека сака да има деца од нејзиниот дечко Карте и од сега го става својот „личен живот“ пред нејзиниот бизнис.

„Јас сум толку горда на сè што направив. Но, сега кога сум толку среќна во својата врска и во сè, направив толку многу и изградив толку огромна империја, тоа веќе не е мојот фокус“, рече таа. „Сега сум фокусирана на работите што навистина се важни, како семејството и следната фаза од мојот живот. Но, работите неверојатно се одвиваат од деловна гледна точка, јас само што го пуштив својот 27-ми мирис, секако, секогаш ќе продолжам да бидам „Boss Babe“ затоа што сакам да работам напорно. Но, сега ќе го ставам личниот живот пред мојата деловна активност“, вели таа.

Парис е наречена првиот вистински инфлуенсер и исто така рече дека се чувствува горда кога видела колку други луѓе направиле кариера во „создавање свои брендови и бизниси“ поради неа.

„Се чувствувам горда што сум иноватор, пионер, создадов нешто што инспирираше толку многу други луѓе да создадат свои брендови и бизниси“, вели Хилтон за „ТМЗ“.

Слични содржини