Курц најави заострување на мерките

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Австрија од понеделник, 14 септември, ќе ги заостри правилата за носење маски и физичко растојание на јавни настани и во ресторани, како одговор на забрзаното ширење на коронавирусот во земјата, изјави денеска канцеларот Себастијан Курц.

Носењето маски ќе биде задолжително во продавниците, сите средства за јавен превоз и во училиштата надвор од училниците, рече Курц.

Приватните настани ќе бидат ограничени на 50 лица во затворени простории и 100 на отворено, а нa професионално организирани настани за седење ќе можат да учествуваат до 1.500 лица во затворени простории и 3.000 на отворено.

Дневниот број на заразени се зголемува од крајот на јуни, достигнувајќи 644 лица вчера, најмногу од март.

– Токму затоа што летото помина добро и затоа што луѓето не можат да веруваат дека бројките повторно растат, ги повикувам сите сериозно да ја сфатат оваа ситуација – рече австрискиот канцелар.

Слични содржини