На новинарско прашање за пожаникарите и најавата за нивен протест, градоначалникот на град Скопје, Петар Шилегов изјави дека до него се уште не е дојдено такво нешто.
„Градот за жал не е тој кој што ја определува височината на платата на пожарникарите и надоместокот кој што тие го имаат. Тоа е нешто што го имаме превземено и го трансферираме до нив по пат на централната власт. Ист е случајот и со негувателките во градинките и со професорите во основните и средните училишта. Јас сум убеден дека државата, ќе успее да изнајде средства како да дојде до зголемување на платите на пожарникарите. За мене е битно, дека тие добиваат плата на време“, вели Шилегов.
Тој дополни дека ќе биде распишан оглас за прием на најмногу 30 нови пожарникари, бидејќи тоа е бројот на луѓе кои заминуваат во пензија оваа година.
Шилегов исто така соопши дека градот ќе изнајде начин да помогне на децата од социјално загрозени семесјтва да добијат електронска алатка за следење на наставата.
„За мене е непоимливо како градоначалник, градот да не може да најде средства да помогне на децата“, смета Шилегов.