Заев – Техада: Со демократски одржаните избори беше испратена позитивна порака на регионално ниво

од Берта Китинска
292 прегледи

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Сибил Зутер Техада.

На средбата се разговарало на повеќе актуелни теми како политичката состојба во државата по одржувањето на парламентарните избори, при што беше оценето дека тие биле одржани во демократска атмосфера и граѓаните покажале висока политичка култура изјаснувајќи се за остварување на главните приоритети, НАТО и Европската Унија.

– На средбата беше оценето дека со демократски одржаните избори беше испратена позитивна порака на регионално ниво и Владата и во наредниот четиригодишен мандат ќе продолжи кон подобрување на економската состојба на граѓаните и модернизирање на државата, велат од Владата.

Премиерот Заев и швајцарската амбасадорка Техада ја оцениле билатералната соработка меѓу двете земји како извонредна, изразувајќи заедничка подготвеност да продолжи реализацијата на заедничките проекти со уште поголеми резултати од интерес на граѓаните и просперитетот на државата.

 

Слични содржини