Нова диломатска победа за Трамп: Бахреин воспоставува дипломатски односи со Израел

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Бахреин и Израел се согласија да воспостават дипломатски односи, објави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Уште еден историски успех денес! „Нашите двајца пријатели, Израел и Кралството Бахреин, се согласија да потпишат мировен договор – втората арапска држава што склучи мир со Израел за 30 дена!“, nапиша Трамп на Твитер.

Во друга објава, Трамп издаде заедничко соопштение од САД, Бахреин и Израел, кое на две страни ја потврди подготвеноста за воспоставување „целосни дипломатски односи“.

Договор за нормализирање на врските на Бахреин со Израел означува „нова ера на мирот“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху откако американскиот претседател објави нов договор.

„Инвестиравме во мир многу години, и сега мирот ќе инвестира во нас, ќе донесе навистина големи инвестиции во израелската економија – и тоа е многу важно“, му рече тој на Нетанјаху во видео изјавата, пренесува Ројтерс.

Покрај тоа, се наведува дека Бахреин ќе учествува на церемонијата на потпишување на договорот меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати на 15 септември во Белата куќа.

Трамп претходно изјави дека е можно наскоро и друга земја да се приклучи на дипломатскиот договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Неговите преговарачи се обидуваат да ги убедат другите земји од Заливот да се приклучат кон нормализирање на односите со Израел, објави Ројтерс.

Слични содржини