629
Во еден хотел во Неум (БИХ) се водеше вистинска борба кога се отвори рампата за базенот, а гостите побрзаа да ги заземат лежалките.
Видеото кое кружи на социјалните мрежи прикажува група луѓе кои се обидуваат на секој начин да влезат и да обезбедат место покрај базенот.
Туристите трчаа и викаа на терасата во хотелот, носејќи крпи со цел што побрзо да стигнат до посакуваните лежалки.