Иран: Одлуката на Бахреин е големо предавство на исламот и Палестинците

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Договорот меѓу Израел и Бахреин е големо предавство на исламот и Палестинците, објави на Твитер специјалниот советник за меѓународни односи на претседателот на иранскиот парламент, Хосеин Амир-Абдолахијан, реагирајќи на договорот меѓу двете земји за воспоставување дипломатски односи.

„Несовесните лидери во Обединетите Арапски Емирати не смеат да го трасираат патот на Бахреин со ционистички шеми. Тие треба да извлечат поуки од историјата. Утре е доцна“, изјави на Твитер Амир-Абдолахијан, кој е и поранешен заменик министер за надворешни работи на Иран, пренесува Ројтерс.

Денес, Бахреин стана втора земја од Заливот што склучи договор за воспоставување дипломатски односи со Израел, откако ОАЕ неодамна го стори тоа, како дел од пошироката дипломатска кампања на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација за целосно интегрирање на еврејската држава на Блискиот исток.

Трамп го објави договорот денес по телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и кралот Хамад бин Иса Ал Калифа од Бахреин.

Тројцата лидери издадоа и кратка заедничка изјава со која го потврдија договорот.

Слични содржини