Оксфордската вакцина произведува несакани ефекти кај волонтерите: Овие тешки симптоми се чувствуваат со денови

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Поради појава на трансверзален миелитис кај еден од волонтерите, клиничкото испитување на оксфордската вакцина „АстраЗенека“ беше прекинато.

Волонтер кој прими вакцина за коронавирус во мај неодамна призна дека 14 часа по убодот, започнал да чувствува сериозни симптоми, како што се треска, треперење, главоболка и замор.

– Се разбудив околу два часот по полноќ и замрзнував, имав температура над 39 степени – рече човекот кој сакаше да остане анонимен.

Волонтерот призна за „Дејли мејл“ дека симптомите траат неколку дена.

– Имав треска само еден ден, но се чувствував уморно и слабо со недели – се присетува тој.

Во текот на првите два дена по убодот, тој имал силна главоболка, од која не можел да стане од креветот.

Волонтерот рече дека требало да добие нова доза во понеделникот, но претходната вечер добил е-пошта од универзитетот во која се наведува дека понатамошните тестови се откажани до ново известување.

– Бидејќи е утврдена болест кај волонтер што може да биде поврзана со вакцината, ние ги одложуваме клиничките испитувања се додека не добиеме повеќе информации за тоа. Поради големиот број испитаници кои пријавиле несакани ефекти на вакцината (околу 18.000 ширум светот), треба внимателно да ги испитаме причините за пријавените симптоми, за да дојдеме до безбедни одговори. Според вообичаената практика, случајот внимателно ќе го разгледа независниот комитет за безбедност на пациентите на Обединетото Кралство – гласеше содржината на пораката.

Волонтерот рече дека, дури и со неговите несакани ефекти, тој е среќен што е заштитен од вирусот и дека сега е загрижен за прекинување на истражувањето.

Новинарот од Лондон, Џек Сомелс, кој исто така бил волонтер за време на тестирањето, не смета дека запирањето на истражувањето е паметна одлука и смета дека нема потреба од дополнително губење време, бидејќи на луѓето им е потребна вакцина.

Тој исто така ја сподели својата загриженост за одлуката на универзитетот во видео објавено неодамна.

Слични содржини