Ако некој може да се пофали со својата линија во 2020 година, тогаш тоа е најдобриот британски вокал – Адел. Сепак, пејачката не застанува тука, според близок извор, кој за британските медиуми вели дека таа сака да изгуби повеќе килограми.
Пејачката е воодушевена од своето тело и е горда на фактот дека изгубила повеќе од четириесет килограми за неколку месеци. Едвај чека да го покаже своето тело во бикини, тврди извор за британски „Мирор“.
„Таа е многу задоволна од самата себе. Таа излезе од мрачна фаза од животот и сака на сите да им го покаже своето тело во костим за капење со цел да добие уште поголема самодоверба“, објаснува изворот.
Адел во моментов се придржува до напорни тренинзи и ригорозна диета. Нејзината промена започна откако минатата година се разведе од сопругот Сајмон Конецки. Таа се откажа од алкохол, слатки и цигари.