Катастрофа на повидок: Спојување на два големи пожари во САД

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Стотици американски пожарникари се борат со помош на хеликоптери против спојувањето на два големи пожари во близина на најнаселениот дел на државата Орегон, вклучувајќи ги и предградијата на Портланд.

Најмалку четири лица загинаа во пожари во Орегон, а десетици се водат како исчезнати низ целата држава, рече гувернерот Кејт Браун.

Се проценува дека бројот на луѓе во Орегон на кои им било наредено да се евакуираат надмина 500.000, што е повеќе од 10 проценти од жителите на таа сојузна држава со 4,2 милиони луѓе, наведоа властите.

Промената на времето, односно слабеењето на ветерот и промената на неговиот правец, многу им помогнаа на пожарникарите во напорите да спречат напредување на два големи пожара на запад.

Околу 500 лица се вклучени во гаснењето на пожарот.

Голем број пожари што избувнаа истовремено во период од неколку дена се последица на сувото време, високите температури и силните ветрови.

Најмалку 10 лица загинаа во пожари во соседна Калифорнија, а 16 се водат за исчезнати.

Сојузната држава Вашингтон, исто така, беше погодена од пожарите.

Слични содржини