Борач егзекутиран за убиство на антивладини протести

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Иранскиот шампион во борење, 27-годишниот Навид Афкари, беше погубен откако беше осуден за убиство на припадник на безбедносните служби на антивладини протести во 2018 година, објавија локалните медиуми во таа земја.

Според судот во провинцијата Фарс, Афкари бил погубен, откако правната постапка била спроведена до крај на инсистирање на родителите и семејството на жртвата.

Тој беше осуден на две смртни казни.

Меѓународната асоцијација на спортисти (ВПА), која брои повеќе од 85.000 членови, повика на иранско протерување од сите настани доколку властите во земјата го погубат Афкари.

Постои сомневање дека Афкари бил измачуван за да даде лажно признание.

Активисти за човекови права изјавија дека борачот протестирал мирно, а неговиот правен тим тврди дека нема докази за неговата вина.

Иранското судство ги негираше обвинувањата за тортура и објасни дека Афкари „убил невин човек со нож и дека тоа го признал на суд“.

Слични содржини